ПРП (Platelets Rich Plasma)

ПРП

Platelets Rich Plasma

ПРП претставува дел од серумот на човекот со висока концентрација на тромбоцити.

Како течен дел добиен со сопствената крв на дарителот, ПРП содржи:

  • висока концентрација на тромбоцити
  • фактори на коагулација
  • фактори на ткивен раст (GF`s)
  • хемокини
  • цитокини
  • плазма протеини

Повеќе за ПРП

ПРП е кратенка за плазма богата со тромбоцити (Platelets Rich Plasma).

ПРП е 100 % биокомпатибилен, безбеден и не го носи ризикот од инфекција или алергија на пациентот, бидејќи е изведен од сопствената плазма.

Единствена метода која го користи потенцијалот од сопственото тело за корекција на брчки, лузни, стрии и потикнување раст на нова коса. Револуционерна естетска метода која што изведена од страна на професионален тим дава неверојатно позитивни резултати.

Оваа плазма има способност да ги стимулира регенеративните процеси во телото, а се користи како во стоматологијата, ортопедијата, естетската медицина така и во други гранки.

Плазмата богата со тромбоцити, се двои од хуманата крв во посебна епрувета и во зависност од индикационото подрачје се центрифугира на различен број вртежи во минута.

Методот се базира на способноста на клетките на нашето тело да се поправат самостојно. Ова е прогресивен тренд во естетската и регенеративната медицина, со што се отворија нови можности за репарација на природните ткива.

ПРП – терапијата е еден вид магичен инструмент кој предизвикува механизам за самолекување.

Резултати од употреба на ПРП

  • Ги  намалува  и  забавува  знаците  на  стареење  на кожата;
  • Елиминација  на  фините  (мрежни)  линии,  односно брчки;
  • Елиминација на лузни
  • Зголемување на еластичноста на кожата;
  • Подобрување на тонусот и тургорот на кожата и добивање на здрав и мазен тен;
  • Намалени манифестации на акни;
  • Намалување на алергиски реакции и иритации на кожата;
  • Ја подобрува состојбата на косата и скалпот, погодна за пострансплантациона апликација;

ПРП третман за коса

ПРП  терапијата  активно  се  користи  во  трихологијата,  како  ефикасен  начин  за борба против губење на косата и алопеција. По неколку процедури запира губење на  косата, нејзината  структура  е  вратена,  работата  на  лојните  жлезди  е нормализирана, почнува растот на здрава коса.

Воведувањето на плазма  збогатена  со  тромбоцити  во зоните  на  проретчување  на  косата  или  губење  на косата стимулира „ресетирање“ на циклусот на раст на фоликулите  на  косата.  Клиничките  студии  покажаа дека  плазмата  збогатена  со  тромбоцити  има способност да ги „разбуди“ заспаните матични клетки на фоликулите на косата.

Како резултат на ПРП процедурите во третманот на алопеција, губењето на косата прекинува, фоликулите на косата одат во фаза на заздравување, а нивниот раст и структура  се  обновуваат.  Функцијата  на  потните  и  лојните  жлезди  на  скалпот  е нормализирана, косата станува погуста и сјајна.